| четврток, 6 декември 2018 |

Адреналинска забава со бабл топка

Ова лето, за првпат во Македонија, ќе се одржи Цевитана бабл фудбал што преставува нова и незаборавна адреналинска забава во којашто ќе се игра фудбал, а каде секој учесник задолжително на себе носи бабл топка. Правилата во Цевитана бабл фудбал се исти како и во регуларниот мал фудбал, координирани со судија, па сè што треба да направите е да создадете тим од пет играчи, да ги облечете бабл топките и слободно и забавно да се тркалате низ теренот, а притоа да бидете целосно заштитени. Бабл топката е проѕирна – костим топка на дување, изработена од 100% TPU материјал што не е токсичен и е безбеден за здравјето на оние кои играат.

Учеството во Цевитана бабл фудбал е бесплатно за сите кои ќе пријават тим на фејсбук страницата facebook.com/Cevitana.mk или ќе се пријават на лице место на настаните што ќе бидат организирани во повеќе градови во Македонија, почнувајќи од Струмица на 15-ти и 16-ти јули, 17, 18 и 19-ти јули во Дојран, 24 и 25-ти во Битола, 25-ти и 26-ти јули во Прилеп, од 30-ти јули до 9-ти август во Охрид и 29-ти и 30-ти август во Скопје.За учесниците следуваат многу изненадувања и интересни подароци.

Спортската забава бабл фудбал е во организација на Цевитана и во неа може да учествуваат фудбалски ентузијасти на возраст помеѓу 15-45 години и не потешки од 90 килограми, организирани во тимови од по пет играчи. Оваа игра не се препорачува за лица со висок крвен притисок, срцеви мани, епилепсија, како и за трудници.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top