Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, денеска изјави дека Грција треба да се задржи во еврогрупата и уверен е дека сѐ ќе се стори за така и да биде, јави Танјуг.
Во дневникот на австриската државна телевизија ОРФ, Хан подвлече дека европските пријатели ќе сторат сѐ за Грција да ја задржат во еврогрупата.
Истовремено, тој порача дека сега е битен квалитетот на предлогот што грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе им го предаде на партнерите во преговорите.
Хан кажа дека преговорите меѓу Грција и другите 18 партнери од еврозоната стануваат покомпликувани бидејќи последните денови е искршен многу порцелан, односно потсети дека за некои договори во одредени земји од Унијата мора да се добие поддршка во Парламентот.
Хан изрази надеж дека разумот ќе победи.
Понатаму тој оцени дека за Грција е важно да се создаде поволна клима за инвестиции укажувајќи дека во моментов судските спорови таму траат предолго, како и реализацијата на проектите, а на инвеститорите им се потребни одржливост и доверба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!