| четврток, 6 декември 2018 |

Колку години има најмладата докторка во Европа?

Мелани Нортон има 21 година, а веќе успеала да заврши Медицински факултет во Белград и да стане најмлад доктор во Европа.

najmlada doktorka vo Evropa

Мелани, која е родена во Чикаго и која и покрај тоа што има англосаксонско име, за себе вели дека е Србинка и белграѓанка, студиите по медицина ги запишала на 16 години. Тестот го минала без проблем, била одличен студент и сега е најмлад лекар кој дипломирал на Медицинскиот факултет.

Мелани во Чикаго завршила основно училиште каде што се запишала со само пет години. Од 13 години живее во Белград, и средното училиште го завршила за две и пол години.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top