| четврток, 6 декември 2018 |

Путин изрази поддршка за грчкиот народ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази поддршка за грчкиот народ во надминување на проблемите со кои се соочува земјата.

Путин и Ципрас разговарале за резултатите од реферндумот во Грција, кој се одржа вчера поради поставените услови од меѓународните кредитори за одобрување помош за Атина.

Двајцата лидери, исто така, разговарале и за некои прашања за натамошен развој на руско­ грчката соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top