| четврток, 6 декември 2018 |

Мадона стана милијардерка

Поп-ѕвездата Мадона стана милијардерка. Нејзиното богатство одеднаш се зголеми по последната турнеја во која заработи неверојатни 305.158.363 американски долари, пишува „Њујорк пост“.

madona

Ова е воедно и најголемата заработка, која ја остварил некој музичар во текот на 2012 година. Во овој износ не се пресметани парите од ТВ-правата и од продажбата со ДВД. Во заработката на Мадона ѝ помогна и продажбата на нејзината нова модна линиија, парфемот со нејзин потпис и вложување во марката како „Вита Коко“.

Мадона е длабоко навлезена во петтата деценија на животот и продолжува да работи со ист интензитет како порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top