На Кејот на реката Вардар сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики се дружеа.
-Оваа активност, која е само старт на нашата мисија да допринесеме кон влијанието на луѓето, за се повеќе здрави навики, општествена одговорност како и вклучувањето на јогуртот во секојдневната исхрана – еден од најздравите пијалоци, направи многумина среќни. Вчера забележавме многу искрени детски насмевки, а тоа за нас е најголемата сатисфакција, велат организаторите.
За најмладите од социјално загрозените семејства им беа донирани велосипеди.,,Здравје во твои раце” беше неколку часовно дружење на сите рекреативци и сите оние кои сакаат да спортуваат и да одржуваат здрави навики како и здрав начин на живот.
-Несебично се приклучивме кон вакви иницијативи, со цел да помогнеме на сите што сакаат да научат правилно да возат велосипед, но и да помогнеме и да ги израдуваме многудетните семејства кои се од социјално загрозен тип, вели Дарко Арсовски од “На Точак”.
,,НаТочак”, ,,Единствена Македонија” и ,,Здравје Радово” се главните виновници и поборници за оваа иницијатива која треба да премине во традиција која ќе им покаже на најмладите дека возењето на велосипед и консумацијата на јогурт се здрави навики кои се многу значајни за нив.
Здравје Радово најави уште неколку вакви активности за ова лето во Скопје, Охрид и уште неколку локации низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.