| четврток, 6 декември 2018 |

Половина милион луѓе го пречекаа папата Франциск во Кито

Папата Франциск, кој ја почна осмодневната турнеја по Јужна Америка, во главниот град на Еквадор, Кито беше пречекан од околу половина милион луѓе.

papa

 

Папата им дозволи на верниците и да се фотографираат со него.

За денеска е предвидено папата Франциск да се сретне со претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа. Тој за време на посетата на Еквадор ќе го посети и најголемиот град Гвајакиле

Поглаварот на Римокатоличката црква ќе ги посети и Боливија (од 8 до 10 јули), при што ќе претстојува во Ла Паз и во Санта Круз и Парагвај (од 10 до 12 јули), а ќе ги посети Асунсион и Какупе. Планирано е тој да одржи 22 средби со верниците, така што оваа посета веќе е прогласена за најнапорна од кога 78­ годишниот Франциск стапи на должноста.

Папата ќе ги посети една од најсиромашните приградски населби на Асунсион и еден од најопасните затвори во светот, Палмасол во Боливија, каде казна отслужуваат 3.500 лица, а каде во 2013 година, при еден судир меѓу затворениците, загинаа десетици лица. За време на посетата на Боливија папата Франциско ќе џвака и лист од кока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top