| четврток, 6 декември 2018 |

Лина гради кариера фина

На­ша­та нај­до­бро­ран­ги­ра­на те­ни­сер­ка, Лина Ѓорческа, по­сто­ја­но на­пре­ду­ва и бе­ле­жи ре­кор­ден плас­ман на свет­ска­та ранг-ли­ста, а оче­ку­ва­ња­та се де­ка до кра­јот на го­ди­на­ва ќе ја про­бие гра­ни­ца­та 300 и на стар­тот на след­на­та се­зо­на ќе де­би­ти­ра на про­фе­си­о­нал­ни­те тур­ни­ри на ВТА

На се­ко­ја но­ва свет­ска ранг-ли­ста бе­ле­жиш на­пре­док. До­стиж­на ли е гра­ни­ца­та 300 до кра­јот на оваа се­зо­на?
Ѓорческа: Се­га ќе би­де по­лес­но би­деј­ќи во пр­ви­от дел од се­зо­на­та бра­нев мно­гу по­е­ни на тур­ни­ри­те од прет­ход­на­та го­ди­на. Мо­мент­но сум на 354. по­зи­ци­ја, а се на­де­вам де­ка ќе ја про­би­јам гра­ни­ца­та и ќе би­дам под 300. ме­сто на ли­ста­та на ВТА. Не­ка би­де и 299, са­мо да поч­ну­ва со двој­ка. На­ско­ро ќе па­ту­вам за Тур­ци­ја на че­лен­џер тур­нир, а по­тоа ќе играм во Бел­ги­ја или Гер­ма­ни­ја на по­сил­ни тур­ни­ри и оче­ку­вам да осво­јам но­ви по­е­ни.

 

Оче­ку­ваш ли на­ско­ро на­стап на тур­нир на ВТА?
Ѓорческа: Има шан­си, но ми тре­ба мал­ку по­до­бро ран­ги­ра­ње за да на­ста­пам во ква­ли­фи­ка­ции за ВТА- тур­нир. За по­че­ток би би­ло оче­ку­ва­но тоа да би­де на тур­нир со на­гра­ден фонд од 125 ил­ја­ди до­ла­ри, а ве­ро­јат­но ќе се слу­чи на по­че­то­кот на след­на­та се­зо­на. По­са­ку­вам да би­де на стар­тот од го­ди­на­та на не­кој од европ­ски­те те­ни­ски на­ста­ни би­деј­ќи во тој дел од се­зо­на­та, пред Отво­ре­но­то пр­венс­тво на Ав­стра­ли­ја, по­до­бро­ран­ги­ра­ни­те те­ни­сер­ки ќе се пре­се­лат на тур­ни­ри­те во Ав­стра­ли­ја и во Нов Зе­ланд. Те­шко е да се про­бие мра­зот, по­тоа сѐ оди по­лес­но.

Lina-Gjorceska-sport148-2

На кој тур­нир по­са­ку­ваш да би­де де­би­то?
Ѓорческа: Не­ка би­де на не­кој од тур­ни­ри­те на зем­је­на под­ло­га би­деј­ќи тоа ми е спе­ци­јал­ност. Се­ка­ко де­ка ми е се­ед­но, са­мо да се слу­чи тој дол­го­о­че­ку­ван на­стап на про­фе­си­о­нал­ни­те тур­ни­ри. По­са­ку­вам да би­де што по­ско­ро. Тоа е го­лем че­кор во ка­ри­е­ра­та. Ста­ну­ва­те дел од ели­та­та, а на­ста­пи­те про­тив нај­до­бри­те те­ни­сер­ки но­си ру­ти­на, си­гур­ност и се­ка­ко де­ка ќе ми по­мог­не да на­пре­ду­вам. Ако сѐ оди спо­ред пла­нот, ид­на­та го­ди­на би би­ла иде­ал­на за на­стап на тур­нир на ВТА, а по­тоа но­ва цел ми е да играм во ква­ли­фи­ка­ции за еден од гранс­лем-тур­ни­ри­те. Ре­ал­но та­кво не­што оче­ку­вам за две се­зо­ни.

 

Ин­те­рес­на е при­каз­на­та ка­ко ја освои пр­ва­та ти­ту­ла на тур­ни­ри­те на ИТФ. Што се слу­чи во Арад пред три го­ди­ни?
Ѓорческа: Тоа ми е пр­ви­от тур­нир на ИТФ што го осво­ив, а во­оп­што не бе­ше пред­ви­де­но да играм. Ка­ко од клу­па за ре­зер­ви вле­тав на глав­ни­от тур­нир би­деј­ќи ед­но од де­вој­чи­ња­та се отка­жа. Не играв ни­ту ква­ли­фи­ка­ции, ту­ку ди­рект­но ме пре­фр­ли­ја на глав­на­та сце­на, а јас по­тоа го осво­ив тур­ни­рот. Тоа бе­ше го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње и за ме­не и за кон­ку­рен­тки­те. Пр­ва ти­ту­ла ми е и се­ко­гаш ќе ја па­ме­там.

 

Во тек е не­о­фи­ци­јал­но­то свет­ско пр­венс­тво во те­нис. Се игра Вимбл­дон. Кои те­ни­се­ри се најб­ли­ску до ти­ту­ли­те?
Ѓорческа: На­ви­вам за На­дал, а во жен­ска кон­ку­рен­ци­ја ми се до­па­ѓа сти­лот на игра на Ана Ива­но­виќ и на Се­ре­на Ви­ли­јамс. Игра­ат агре­сив­но, по­сто­ја­но са­ка­ат да осво­ју­ва­ат по­е­ни, што е со­се­ма раз­лич­но од оста­на­ти­те те­ни­сер­ки, кои нај­че­сто че­ка­ат гре­шка на про­тив­нич­ки­те. И на Вимбл­дон сѐ по­че­сто се игра ка­ко на тур­ни­ри­те со по­бав­на под­ло­га. Ја не­ма ве­ќе сер­вис-во­леј игра­та што бе­ше ед­на од глав­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на овој гранс­лем.

Lina-Gjorceska-sport148-4

Има ли та­лен­ти во тво­ја­та ге­не­ра­ци­ја. Кои те­ни­сер­ки ќе го пред­во­дат но­ви­от те­ни­ски бран?
Ѓорческа: На тур­ни­ри­те во Јуж­на Аме­ри­ка, во Бра­зил, играв на исти тур­ни­ри со Еже­ни Бу­шар. Таа најм­но­гу се истак­ну­ва­ше, а го по­твр­ду­ва та­лен­тот и се­га во се­ни­ор­ска кон­ку­рен­ци­ја. Си­те оста­на­ти те­ни­сер­ки беа со приб­лиж­но ист ква­ли­тет, што по­ка­жу­ва де­ка се­ко­ја те­ни­сер­ка има шан­са да би­де дел од ели­та­та со на­пор­на ра­бо­та и со мно­гу вло­жу­ва­ње. Те­ни­сот е ин­ди­ви­ду­а­лен спорт и мно­гу ма­ли дел­чи­ња ја соз­да­ва­ат го­ле­ма­та сли­ка, го пра­ват це­ли­от мо­за­ик. Тре­ба мал­ку и сре­ќа, да се из­бег­нат по­вре­ди­те, да се стиг­не што по­ско­ро до на­стап на го­ле­ми­те тур­ни­ри, а по­тоа сѐ е мно­гу по­лес­но. Бу­шар ус­пеа да се на­мет­не и ве­ќе игра на зна­чај­ни­те те­ни­ски тур­ни­ри, а и за оста­на­ти­те од оваа ге­не­ра­ци­ја си­гур­но ќе има шан­си за на­пре­док и за прик­лу­чок кон вр­вот.

 

Кол­ку е на­по­рен те­ни­сот ка­ко спорт?
Ѓорческа: Мно­гу. Це­ла го­ди­на си на пат и по­сто­ја­но тр­пи при­ват­ни­от жи­вот, друш­тво­то, из­ле­гу­ва­ње­то, уче­ње­то, но ко­га се са­ка не­што на кра­јот на де­нот сфа­ќаш де­ка не е те­шко. И по­втор­но поч­ну­ва нов ден, ист круг, ист на­пор, са­мо те­нис, те­нис и те­нис. Ве­ру­вам де­ка вре­ди да се отка­жеш од мно­гу ра­бо­ти во оби­дот да ста­неш вр­вен спор­тист, осо­бе­но до­бар те­ни­сер. Цел­та ги оправ­ду­ва средс­тва­та и отка­жу­ва­ња­та.

Lina-Gjorceska-sport148-3

Од ро­ди­те­ли од­бој­ка­ри и брат ко­шар­кар се ро­ди љу­бов кон те­ни­ска­та игра

Двај­ца­та ро­ди­те­ли на Ѓор­че­ска игра­ле од­бој­ка, а та­тко ѝ Вла­ди­мир бе­ше вр­вен од­бој­кар, ре­пре­зен­та­ти­вец на Ју­гос­ла­ви­ја и прв ка­пи­тен на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. Вр­вен од­бој­кар кој на­ста­пу­вал за Ра­бот­нич­ки, Вар­дар, го­ле­ма­та Бар­се­ло­на, Арис… Им­пре­сив­на ка­ри­е­ра со 48 на­ста­пи за Ју­гос­ла­ви­ја и член на пр­ва­та ге­не­ра­ци­ја ре­пре­зен­та­тив­ци на Ма­ке­до­ни­ја. Мај­ка ѝ Ви­о­ле­та бе­ше член­ка на Љу­бо­тен ко­га клу­бот игра­ше во вто­ра­та ју­гос­ло­вен­ска ли­га, до­де­ка брат ѝ е ко­шар­кар.

– Нај­зас­лу­жен е брат ми. Поч­на да игра те­нис, а јас са­мо го сле­дев. Брат ми е та­лент за мно­гу спор­то­ви, што ме прив­ле­че и ме­не да спор­ту­вам. Во­о­би­ча­е­но ка­ко де­ца на ули­ца играв­ме и фуд­бал и ко­шар­ка, а не­ка­ко од се­то тоа се ро­ди љу­бо­вта кон те­ни­сот – ве­ли Ли­на.

По­са­ку­ва да до­стиг­не ба­рем дел од слав­на­та ка­ри­е­ра на та­тко ѝ Вла­ди­мир Ѓор­че­ски.

Пред неа е вто­ри­от дел од се­зо­на­та во ко­ја ќе има по­лес­на за­да­ча да жнее по­е­ни, а упор­но­ста и жел­ба­та за ус­пех на мла­да­та те­то­вка ве­ту­ва­ат мно­гу ра­дост и за ма­ке­дон­ски­те сим­па­ти­зе­ри на те­ни­сот.

 

Разговараше: Зоран Поповски
Фото: Ѓорѓи Личовски
(Текст објавен во 148. број на неделникот „Република“, 3.07.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top