„Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“ е името на проектот кој го почнува Агенцијата за храна во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија. Проектот ќе почне во Тетово и во Гостивар и е дел од програмата на Владата на Македонија за заштита на потрошувачите.

Ќе бидат промовирани и информативни и едукативни летоци наменети за потрошувачите кои се однесуваат на општите и посебните означувања на храната, означување на адитивите, читање на означувањето на прехранбените производи, означување на ГМО храната, означување алергени состојки во храната, како и истакнување на нутритивните и здравствените тврдења.
Во Гостивар ќе се одржи и трибина на која потрошувачите и операторите со храна ќе се информираат за состојбата со примена на системот ХАЦЦП во производството и прометот со храна, улогата на Агенцијата за храна и ветеринарство во синџирот на безбедноста на храната, одговорноста на операторите со храна, вршењето инспекциски надзор над храната од домашно производство и од увоз, а подетално ќе се информираат и за општите и посебните барања за означување на храната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


