| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши референдумот во Грција – ‘не’ во водство

На грчкиот референдум за предлозите на доверителите, засега води гласот „против“, покажуваат испитувањата на јавното мнение, објавени во неделата по затворањето на избирачките места.
На референдумот од 49,5 до 54,5 отсто грчките избирачи се изјасниле со „не“ кон понудата или ултиматумот на странските кредитори, додека меѓу 45,5 и 50,5 отсто се изјасниле со „да“, покажувале четири излезни анкети спроведени за време на гласањето, пренесува телевизијата ERT.

„Генералната оцена е дека на референдумот победува ‘не’“, ги пренесува телевизијата впечатоците од агенциите за спроведување на анкетите.

Reuters, пак, јави дека нема излезни анкети на референдумот коишто беше прикажано како изјаснување на Грците за излегување од еврозоната или за останување во неа, а во кој левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас ги повика сонародниците да гласаат против.

Според анкетата на трите агенции GPO, Metron и MRB, сепак, се чини дека Грците ја послушаа владејачката коалиција на радикалната левица Сириза, и дека за три до четири процентни поени во водство е определбата за „не“ на доверителите.

Грците со неделниот референдум всушност одлучуваа и за својата иднина и за судбината на првата влада на крајната левица во Европската унија, а налитичарите оценуваат дека со својата одлука може да одлучат и за иднината на сегашниот начин на кој функционираат европските институции.

Гласаа речиси 10 милиони грчки избирачи, а референдумот беше организиран ненајавени и ненадејно по петте месеци неуспешни преговори меѓу владата на Алексис Ципрас и претставниците на доверителите – Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Грција на 30-ти јуни и официјално престана да ги отплаќа долговите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top