Фејсбук од сега ќе го мери времето поминато на некои објави на насловните страна на корисниците, за да понуди што повеќе релевантни содржини.
Времето ќе биде нов параметар, што ќе биде земан предвид при пресметување на позицијата на секои одделни објави на страната. Старите параметри како лајкови, коментари и детали и понатаму ќе бидат дел од варијабилата.
Лајковите и деталите на некои објави не се секогаш најдобри параметри за да се процени важноста на објавата, тврдат од Фејсбук, па затоа е заклучено дека ниту еден од трите досегашни параметри во повеќетој случаи немаат никаква поврзаност во важноста на објавите за некој корисник.
– Понекогаш луѓето сакаат да видат информации за сериозни случувања, но не сакаат да коментираат. Затоа ќе го надоградиме нашиот News Feed така што важноста ќе се проценува врз основа на времето што некој го минува на некоја објава, соопшти Фејсбук.
Накратко, додека листате низ насловната страна на Фејсбук, треба да застанете на секој статус што го привлекува вашето внимание. Фејсбук ќе го забележи тоа и ќе го земе во предвид при креирањето на редоследот на објави на насловната страница.
Firstpost.com пишува дека пресметувањето на времето како варијабила може да почне веќе во наредните денови, па внимавајте каде застанувате додека листате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.