Фејсбук планира да ги зголеми своите услуги и да понуди бесплатен основен интернет за мобилни телефони.
Во блок публикација по повод првата година од создавањето на иницијативата, социјалната мрежа најави дека ќе отвори портал кој ќе овозможи на секој мобилен оператор да ја нуди услугата во рамките на платформата Internet.org. Во моментов Фејсбук соработува со одредени оператори, за да ја спроведе услугата во различни држави.
Платформата Internet.org привлекла над 9 милиони луѓе онлајн изминатата година, изјави потпретседателот на Internet.org, Крис Даниелс пред “Ројтерс”.
Фејсбук ја разви платформата со шест технолошки партнери, за да вклучи околу 4,5 милијарди неповрзани лица кон Интернет, кои се наоѓаат претежно во Латинска Америка, Азија и Африка.
Фирмата нуди бесплатно минимални веб услуги, заедно со пристап до социјалната мрежа и услугите за праќање пораки на Фејсбук.
Во последната година услугата привлече нови корисници на мобилните мрежи во просек со над 50% побрзо и повеќе од половина луѓе го користеа Internet.org.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.