| четврток, 6 декември 2018 |

Во скопско Ракотинци, на локалитетот Орловица, откриена куќа-светилиште стара седум милениуми

Ре­чи­си сѐ што ус­пе­ав­ме да откри­е­ме та­му бе­ше но­во, до­се­га не­поз­на­то. Ова е но­ва стра­ни­ца од кул­тур­на­та исто­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Сѐ уште сме во ди­ле­ма за ка­ков об­јект ста­ну­ва збор – да­ли е тоа обич­на ку­ќа за жи­ве­е­ње или е све­ти­ли­ште би­деј­ќи ги има еле­мен­ти­те и од две­те, ве­ли про­фе­со­рот Дра­ги Ми­трев­ски

По веста дека професорот на Институтот по археологока при Филозофскиот факултет во Скопје Драги Митревски ќе предава на престижниот Американски Археолошки Институт во Њујорк на 29 април 2013 година на тема „Најзначајните откритија на Македонската археологија“ „Република“ го објавува текстот кој излезе во неделникот во 12. број.

До­де­ка грч­ки­те ар­хе­о­ло­зи ли­фе­ру­ва­ат сен­за­ци­о­на­ли­стич­ки ве­сти де­ка ја откри­ле гроб­ни­ца­та на Ро­кса­на, ед­на од со­пру­ги­те на Але­ксан­дар Ве­ли­ки и на нив­ни­от син Але­ксан­дар Че­твр­ти Ма­ке­дон­ски, а ни­ви­те ко­ле­ги од Бу­га­ри­ја, пак, ве­лат де­ка го откри­ле нај­ста­ри­от пра­и­сто­ри­ски град до­се­га во Евро­па, во Ма­ке­до­ни­ја ре­чи­си не­за­бе­ле­жи­тел­но по­ми­на ве­ста де­ка е откри­е­на ку­ќа-све­ти­ли­ште ста­ра се­дум ми­ле­ни­у­ми, и тоа во скоп­ско Ра­ко­тин­ци, на ло­ка­ли­те­тот Ор­ло­ви­ца. Ло­ка­ли­те­тот е од пра­и­сто­ри­ско вре­ме, од кра­јот на ка­ме­на­та до­ба, од кра­јот на не­о­ли­тот и од по­че­то­кот на ене­о­ли­тот.

Про­фе­со­рот на Ин­сти­ту­тот по ар­хе­о­ло­ги­ја при Фи­ло­зоф­ски­от фа­кул­тет во Скоп­је Дра­ги Ми­трев­ски и сту­ден­ти­те откри­ја ку­ќа ста­ра се­дум ми­ле­ни­у­ми во ло­ка­ли­те­тот Ор­ло­ви­ца, во скоп­ско Ра­ко­тин­ци. Ова откри­тие е ста­ро ед­вај две не­де­ли, а дел од пред­ме­ти­те што беа про­нај­де­ни на ло­ка­ли­те­тот ве­ќе се и из­ло­же­ни во Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј на скоп­ски­от Фи­ло­зоф­ски фа­кул­тет. Ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра, Ели­за­бе­та Кан­чев­ска-Ми­левскa бе­ше во по­се­та на му­зе­јот за да ги ви­ди екс­по­на­ти­те.

arheologija

Ло­ка­ли­те­тот Ор­ло­ви­ца се на­о­ѓа во ата­рот на Ра­ко­тин­ци, вед­наш над се­ло­то До­бри Дол. Спо­ред по­вр­шин­ски­те на­о­ди, про­сто­рот со го­ди­ни ини­ци­рал по­сто­е­ње на не­кој пра­и­сто­ри­ски ло­ка­ли­тет.

– Оваа го­ди­на ние на Фи­ло­зоф­ски­от фа­кул­тет на­пра­вив­ме про­ект за иско­пу­ва­ња на Ор­ло­ви­ца-Ра­ко­тин­ци, кој са­кав­ме да ни би­де на­ста­вен ло­ка­ли­тет, та­му да пра­кти­ку­ва­ме те­рен­ска на­ста­ва, од­нос­но те­рен­ска ар­хе­о­ло­ги­ја. Та­ка и поч­на ова истра­жу­ва­ње. За еден ме­сец те­рен­ска ра­бо­та ус­пе­ав­ме да откри­е­ме и комп­лет­но да истра­жи­ме еден об­јект од таа на­сел­ба со ди­мен­зии 10 на шест ме­три – из­ја­ви про­фе­сор д-р Ми­трев­ски.

Тој го об­јас­ну­ва те­ре­нот и што сѐ би­ло про­нај­де­но на ло­ка­ли­те­тот.

– Те­ре­нот во Ра­ко­тин­ци е за­гра­ден од си­те стра­ни, мно­гу е изо­ли­ран, а од дру­га стра­на е отво­рен са­мо кон Скоп­ска­та Кот­ли­на и кон до­ли­на­та на Вар­дар. Таа изо­ли­ра­ност би­ла уште по­и­зра­зе­на во пра­и­сто­ри­ско вре­ме, кра­јот на не­о­ли­тот и по­че­то­кот на ене­о­ли­тот. Отка­ко се слу­чи­ле круп­ни екок­ли­мат­ски про­ме­ни, се ба­ра­ле но­ви ус­ло­ви за жи­вот би­деј­ќи во но­во­на­ста­на­ти­те ус­ло­ви не мо­же­ло да се жи­вее на ста­ри­от не­о­лит­ски на­чин. Тој про­стор ну­дел мно­гу уба­ви по­год­но­сти за фор­ми­ра­ње но­ви на­сел­би. На  ло­ка­ли­те­тот Ор­ло­ви­ца би­ла фор­ми­ра­на со­се­ма но­ва на­сел­ба, ко­ја раз­ви­ла мно­гу сил­на ло­кал­на кул­ту­ра. Око­ли­на­та ну­де­ла  уба­ви по­год­но­сти  за сто­чарс­тво и за зем­јо­делс­тво, но и за ос­тва­ру­ва­ње ви­со­ки и спе­ци­фич­ни кул­тур­ни и умет­нич­ки вред­но­сти – об­јас­ну­ва Ми­трев­ски.

Dragi-miteresk-2i

Спо­ред до­се­гаш­ни­те соз­на­ни­ја­та, таа ло­кал­на кул­ту­ра е нај­до­бра­та илу­стра­ци­ја на  тоа вре­ме на пре­од од не­о­ли­тот во ене­о­лит во овој дел на  Бал­ка­нот.

– Ре­чи­си сѐ што ус­пе­ав­ме да откри­е­ме та­му бе­ше но­во, до­се­га не­поз­на­то. Ова е но­ва стра­ни­ца од кул­тур­на­та исто­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Сѐ уште сме во ди­ле­ма за ка­ков об­јект ста­ну­ва збор – да­ли е тоа обич­на ку­ќа за жи­ве­е­ње или е све­ти­ли­ште би­деј­ќи ги има еле­ме­ни­те и од две­те. Са­ма­та ар­хи­те­кту­ра на тој об­јект е по­лу­зем­јен­ка. По­ло­ви­на е вко­па­на во гли­не­на­та под­ло­га, а дру­га­та стра­на е над­зем­на. Ку­ќа­та би­ла гра­де­на од др­ве­на кон­струк­ци­ја об­ле­пе­на со кал, со мно­гу уба­ви ли­ца од вна­треш­на­та стра­на на об­је­ктот, ка­де што ѕи­до­ви­те би­ле укра­су­ва­ни со раз­ни ге­о­ме­три­ски мо­ти­ви, со мо­ти­ви на кон­цен­трич­ни кру­го­ви, ни­зи од па­ра­лел­ни ли­нии пра­ве­ни со пр­сти во све­жа­та гли­на. Ѕи­до­ви­те ко­га пад­на­ле, го по­кри­ле по­дот, та­ка што це­ли­от ин­вен­тар што е нај­ден во ку­ќа­та е во из­вор­на по­лож­ба. Та­ка ка­ко што пад­нал об­је­ктот, из­го­рен во по­жар, та­ка ние го открив­ме, по се­дум ил­ја­ди го­ди­ни. Во вна­треш­ни­от ин­вен­тар на об­је­ктот се откри­е­ни око­лу 200 ке­ра­мич­ки са­до­ви, но та­кви фор­ми, тех­ни­ки и де­ко­ра­ции што прв­пат ни ја откри­ва­ат таа кул­ту­ра ка­ко но­ва стра­ни­ца од на­ша­та кул­тур­на исто­ри­ја. До­се­га тоа не сме го откри­ле на друг ло­ка­ли­тет. Ста­ну­ва збор за ло­кал­на кул­ту­ра – ту­ка се ро­ди­ла, ту­ка се раз­ви­ла, а до ка­де стиг­на­ла во сво­јот раз­вој ќе по­ка­жат ид­ни­те истра­жу­ва­ња – об­јас­ну­ва Ми­трев­ски.

Во об­је­ктот има­ло и ни­за култ­ни пред­ме­ти, пред­ме­ти што би­ле во служ­ба на нив­ни­те ве­ру­ва­ња и ри­ту­ал­ни дејс­тва. Про­нај­де­ни се и пред­ме­ти за се­којд­нев­на упо­тре­ба – те­го­ви од раз­бој, рач­ни мел­ни­ци. Еден дел од ку­ќа­та бил трем – та­му се откри­ваа пре­теж­но ала­тки од кре­мен, ка­мен, пред­ме­ти од рог, ши­ла, иг­ли, но­же­ви, се­кир­ки.

археологија

– Во ку­ќа­та има­ше три не­под­виж­ни об­је­кти, кои спо­ред си­те ка­ра­кте­ри­сти­ки ука­жу­ва­ат на тоа де­ка ста­ну­ва збор за све­ти­ли­ште. Се ра­бо­ти за еден вид ол­та­ри – ме­ста  за при­не­су­ва­ње да­ро­ви. Нај­дов­ме и три мо­де­ли на печ­ки, мно­гу ма­ли, на­пра­ве­ни од гли­на. Тие не се за се­којд­нев­на упо­тре­ба, а не открив­ме ви­стин­ска печ­ка, ко­ја е не­оп­ход­на да ја има се­ко­ја ку­ќа за жи­ве­е­ње. Овие се еле­мен­ти­те што збо­ру­ва­ат де­ка, мо­же­би, е све­ти­ли­ште. Во аго­лот на ку­ќа­та бе­ше пад­нат, за­ед­но со ѕи­до­ви­те, об­јект со ци­лин­дрич­на фор­ма, ка­ко столб из­мач­кан со гли­на и укра­сен со раз­ни, пре­теж­но ге­о­ме­три­ски мо­ти­ви. Се­то тоа та­ка на­пра­ве­но не­о­до­ли­во по­тсе­ту­ва на то­тем, што е, мо­же­би, нај­сил­ни­от еле­мент де­ка се ра­бо­ти за све­ти­ли­ште. Мо­же­би ток­му ту­ка за­ед­ни­ца­та ги вр­ше­ла сво­и­те ре­ли­ги­оз­ни по­тре­би. Има­ше мно­гу пред­ме­ти за се­којд­нев­на упо­тре­ба, но ка­ра­кте­ри­стич­на е ед­на фор­ма на са­до­ви што има­ат еле­мен­ти на пти­ца. Има фор­ма на па­тка, со ма­ли но­џи­ња и сти­ли­зи­ра­но ли­це. Тоа е фор­ма не­поз­на­та во дру­ги­те кул­ту­ри од тоа вре­ме на Ба­лак­нот, а во Ра­ко­тин­ци е но­сеч­ка ке­ра­мич­на фор­ма.  Открив­ме два­е­се­ти­на та­кви са­до­ви во истра­же­на­та ку­ќа – до­да­ва Ми­трев­ски.

Ова не е нај­стар ло­ка­ли­тет во Ма­ке­до­ни­ја, ни­ту во Скоп­ско, за­тоа што, на при­мер, по­ста­ри се ло­ка­ли­те­ти­те Тум­ба во Ма­џа­ри и Цер­је во Го­вр­ле­во, но ло­ка­ли­те­тот во Ра­ко­тин­ци е нив­но­то про­дол­же­ние, отка­ко по­ста­ри­те не­о­лит­ски на­сел­би во Скоп­ско згас­на­ле ре­чи­си во исто вре­ме.

Dragi-mitereski

– Тие на­сел­би од не­о­ли­тот што ги зна­е­ме се истра­жу­ва­ат три­е­се­ти­на го­ди­ни и нам ни се поз­на­ти ка­ко не­о­лит­ска кул­ту­ра во Скоп­ско. Таа пре­ки­ну­ва во ед­но вре­ме. Во исто вре­ме, си­те на­сел­би од не­о­ли­тот за­ми­ра­ат. И за­га­тка­та бе­ше што се слу­чи­ло со тоа на­се­ле­ние. Е, ова е тоа што се слу­чи­ло. Се кре­на­ле на по­ви­со­ка по­зи­ци­ја. Се слу­чу­ва­ат круп­ни кли­мат­ски про­ме­ни во тоа вре­ме, па лу­ѓе­то ба­ра­ат по­ви­со­ки и по­без­бед­ни (од при­род­ни не­по­го­ди) по­зи­ции. Гра­де­ле нов тип на­сел­би со нов тип стан­бе­ни об­је­кти. Де­нес од тоа вре­ме во Скоп­ско се ве­ќе се поз­на­ти две на­сел­би, на  Ор­ло­ви­ца во Ра­ко­тин­ци, но и пр­во­то, нај­ста­ро жи­ве­е­ње на скоп­ско­то Ка­ле. Две­те уба­во се до­пол­ну­ва­ат ме­ѓу се­бе фор­ми­рај­ќи до­вол­но јас­на сли­ка за вре­ме­то око­лу 5000го­ди­на пред Хри­ста.

Про­фе­со­рот Ми­трев­ски и сту­ден­ти­те би­ле во по­тра­га по ло­ка­ли­тет во бли­зи­на на Скоп­је, кој не ба­ра го­ле­ми тро­шо­ци, а кој ќе би­де на­ста­вен ло­ка­ли­тет ка­де што ќе мо­же да се пра­кти­ку­ва те­рен­ска на­ста­ва и пра­ктич­ни веж­би, а во­ед­но и да се збо­га­ти вкуп­на­та на­у­ка и ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра. Сво­и­те про­нај­до­ци ги из­ло­жу­ва­ат во Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј на Фа­кул­те­тот, кој е зна­ча­ен пункт во  афир­ма­ци­ја­та на кул­тур­но­то нас­ледс­тво на Ма­ке­до­ни­ја.

– Та­му има­ме екс­по­на­ти ка­ра­кте­ри­стич­ни за  ма­те­ри­јал­на­та кул­ту­ра од си­те пер­и­о­ди на на­ше­то кул­тур­но­то нас­ледс­тво – од да­леч­на пра­и­сто­ри­ја до сре­ден век.   Та­му ка­де што ни не­до­сти­га­ше не­кој ма­те­ри­јал за да го по­кри­е­ме тој пер­и­од бе­ше ток­му пер­и­о­дот на пре­од од не­о­лит во ене­о­лит. Овој ло­ка­ли­тет го зна­ев­ме од по­ра­но, зна­ев­ме де­ка мо­же да ја по­пол­ни таа праз­ни­на. Ап­ли­ци­рав­ме до Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра за та­ков про­ект, ни бе­ше одо­брен, и со фи­нан­си­ска под­др­шка од Ми­ни­стерс­тво­то и од фон­дот за пра­ктич­на на­ста­ва на Фи­ло­зоф­ски­от фа­кул­тет оваа го­ди­на мо­жев­ме да ра­бо­ти­ме еден ме­сец на те­рен. Се на­де­ва­ме де­ка ова ќе ни ста­не на­ста­вен ло­ка­ли­тет за по­на­та­му. В го­ди­на ќе про­дол­жи­ме од та­му ка­де што за­ста­нав­ме. Пла­ни­ра­ме на тој про­стор, од таа пра­и­сто­ри­ска на­сел­ба да се откри­јат по­ве­ќе об­је­кти, кои ќе ни да­дат по­ве­ќе по­да­то­ци за на­сел­ба­та, за неј­зи­на­та ор­га­ни­за­ци­ја, уре­де­ност, за еко­но­ми­ка­та и за дру­ги­те сег­мен­ти од  са­ми­от вна­тре­шен жи­вот. Мо­же­би ќе ги откри­е­ме и гро­бо­ви­те на на­се­ле­ни­е­то – за­вр­шу­ва Ми­трев­ски.

Пишува: Александра Мазнева Бундалевска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top