| четврток, 6 декември 2018 |

Прошетка низ Чернобил – таму каде што човештвото исчзна пред речиси 30 години (видео)

cernobilАко некогаш сте се запрашале како ќе изгледа Земјата, ако човештвото исчезне, тогаш денешната ситуација околу Чернобил го наслика тоа. Тишина, мрак и застрашувачка пустелија е единственото нешто што талка околу реакторот и околината на градот Припјат.

Областа е напуштена речиси 30 години, пишува sciencealert.com. Несреќата во Чернобил од 26 април 1986 година предизвика смрт на десетици луѓе. Тогаш експлодираше капакот на реакторот. Формираниотод нуклеарниот отпад облак се рашири над големи делови од Европа. Зоната околу централата и до денес е изолирана. А ,полн научен консензус за последиците од катастрофата сѐ уште нема.

“Проблемот е дека официјална статистика нема” – вели Себастијан Пфлугбајл, претседател на германското Друштво за заштита од радиоактивно зрачење. Експертите сметаат дека во меѓувреме се напишани над 30 илјади научни пораки посветени на последиците од катастрофата, од кои повеќето – на словенски јазици.
Жртви има и меѓу т.н. ликвидатори – луѓето работеле на расчистувањето на реакторот, умреле од зрачење. Меѓу преживеаните – како што покажуваат истражувањата – се забележани голем број заболувања од леукемија, кардиоваскуларни страдања и оштетување на мозокот.

Истражувачот Дерек се појави денес со актуелното видео, во момент во кој светот трепери од нова радијација поради пожар во реонот во понеделникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top