Српската тенисерка Јелена Јанковиќ го направи најголемото изненадување во третото коло на Вимблдон откако попладнево со 2:1 во сетови ја победи ланската шампионка Петра Квитова. Јанковиќ во осминафиналето ќе игра против Агнешка Радванска.
Двократната шампионка Квитова (2011 и 2014 година) го доби првиот сет со 6:3, а во следните два сета Јанковиќ беше поуспешна со 7:5 и 6:4 во гемови.
На женскиот дел од турнирот денеска победи и пласман во осминафиналето изборија уште: Каролине Возниачки, Медисон Кејс, Моника Никулеску, Гарбине Мугуруза, Тимеа Башчински, Олга Говорцова и Агнешка Радванска.
Во машка конкуренција пласман во следната рунда по денешните победи изборија: Рожер Федерер, Марин Чилиќ, Иво Карловиќ, Виктор Троицки и Роберто Баутиста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.