Македонскиот ракометен репрезентативец Гоце Георгиевски стапна на лудиот камен. Тој денеска и официјално ја круниса врската со долгогодишната девојка Симона со брак, а во традиционалното „земање на невестата“ учествуваше и неговиот долгогодишен соиграч од Металург и репрезентативен колега, Филип Миркуловски.
Срцето ми е полно за Гоцка. Собираме храброст да одиме по невестата – напиша Миркуловски на својот профил на Фејсбук.
По долги години минати во Металург, Гоце Георгиевски од пред неколку месеци е член на францускиот Тулуз, тим за кој ќе настапува и во следната натпреварувачка сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.