| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид доби патека по европски стандарди (ВИДЕО)

Завршија градежните активности за изградба на првата фаза од модерната пешачка и велосипедска патека во Охрид.

patekaaa

На патеката која е со широчина од 12 метри, а должина 210 метри, обележан е просторот за велосипеди, поставени се клупи, чешми за вода, канделабри во традиционален стил и бетонски жардинери, во кои се засадени цветни леи, листопадни дрвја од видот „каталпа“ и декоративни зимзелени грмушки.

Првата фаза од проектот ја реализираа фирмите „Еуро стил“ од Охрид и „Инсталација“ од кичевско Длапкин Дол.

За изградбата на овој дел од патеката, Локалната инвестираше 150 илјади евра.

Втората фаза од патеката до хотелот Парк ќе отпочне по завршувањето на туристичката сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top