Познатиот балкански музичар и фронтмен на групата „Бијело Дугме“, Горан Бреговиќ во интервју кое го дал по повод прославувањето на 40 години од основањето на најуспешната рок-група на овие простори, се осврнал и на соработката со хрватската поп-ѕвезда, Северина Вучковиќ.
На прашањето зошто соработувал токму со неа, а не со некој друг изведувач, славниот Брега открил зошто Северина е толку посебна.
– Северина има нешто што другите пејачки го немаат, а тоа е желба за растење. Таа е љубопитна возрасна жена. Тргнав со идејата да напишам албум од позиција на жена која ги поминала триесетите. Сите би сакале секс со неа, а има ли некој да ја ожени? – се присетил славниот музичар на соработката со хрватската пејачка за албумот „Здраво Маријо“, кој остана запаметен по многу контроверзни хитови, како „На мажите им треба само курва“, „Тридесете“, „Гаде“ и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.