| четврток, 6 декември 2018 |

Грците навалија на бензинските во Дојран

Сопственици на патнички автомобили со грчки регистарски таблички и ознаки, вчера и денеска, масовно ги полнеа резервоари со бензин, на бензинските станици во Дојран, пренесе „Нова Македонија“.

03072015213116_Benziska Dojran

Жителите на ова туристичко место потврдуваат дека значително е зголемен број на возила кои ги посетуваат бензинските станици во Дојран, Гевгелија, па и во Струмица, со цел да си наточат бензин во нивните резервоари. Вработените на пумпите велат дека деновиве прометот им е зголемен и до 80 проценти.

Покрај гориво, Грците овие денови масовно, пазаруваат и во прехранбените и трговските продавници, во Струмица и во пограничните места. Овој бран грчки државјани кои доаѓаат на шопинг во нашите градови е резултат на економската криза во Грција, велат продавачите во македонските продавници.

Освен нафтени деривати грчките државјани купуваат и детергент, цигари, прехранбени артикли (бело сирење, кашкавал, сувомесни производи, пилешко и јагнешко месо…).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top