Најмалку 27 луѓе се убиени во нова серија етнички судири во Нигерија.
Инцидентот се случил во сојузната држава Плато кога вооружени припадници на муслиманската етничка група Фулани нападнале две христијански села, при што пукале во сѐ што се движело по улиците и ги палеле куќите.
Регионот во кој се случил маскрот е граница меѓу христијанскиот југ и муслиманскиот север на земјата.
Нигерија која е најбројна земја во Африка по жители и водечка по производство на нафта има речиси подеднаков број христијанско и муслиманско население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


