Легендата на српскиот фудбал Драган Стојковиќ-Пикси е под истрага на српските власти поради сомневање дека противзаконски зел 500.000 евра од трасфер на фудбалер.
Сомневањата се дека Пикси, како директор на Црвена звезда, по продажбата на играчот Владимир Стојковиќ во 2006 година префрлил половина милион евра на сметка на офшор-компанија „ФК Ред стар“. Компанијата била регистрирана во странство, а имала сметка во Швајцарија.
– Проверуваме кој стои зад фирмата и која е улогата на Пикси во сето тоа, особено затоа што е утврдено дека инструкциите за плаќање се испратени од факс од приватниот број на Пикси – вели извор од истрагата за српски „Курир“.
Медиумите пишуваат дека спорниот трансфер бил направен на тој начин што француски Нант, кој го купил играчот од Црвена звезда, добил сметка на белградскиот клуб од Швајцарија на која требало да префрли пари. Истрагата утврдила дека спорната компанија воопшто не била формирана од белградскиот клуб, а не се знае како на меморандумот се нашол грбот на Звезда. Владимир Стојковиќ преминал од Црвена звезда во Нант за милион евра, но истрагата се сомнева дека неговиот договор, всушност, изнесувал 1,5 милион евра.
Неколку пати зборував за трасферот на Владимир Стојковиќ и јавноста е запозната со сите детали. Истрагата е во тек и не смеам ништо да зборувам, рекол Пикси за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


