| четврток, 6 декември 2018 |

Се стемни, а Чилиќ и Иснер не завршија со мечот

a48c4b10619b4f02893510d64dfd4bd3-fb7e0073ab6344f18d1cb935dc50399c-2

Маратонскиот меч од третото коло од машка конкуренција на Вимблдон меѓу Марин Чилиќ и Џон Иснер е прекинат синоќа поради темница. Во моментот на прекинот резултатот е 2:2 во сетови и 10:10 во гемови во решавачкиот сет.

Чилиќ ги доби првиот и третиот сет што значи дека двапати водеше, а Иснер двапати успеваше да изедначи. Во петтиот сет Чилиќ имаше брејк и водство од 3:0, но Иснер пак „се врати“ во мечот. Во десеттиот гем при резултат 5:4 во гемови хрватскиот тенисер Чилиќ имаше и меч топка, која Иснер ја спаси. Мечот досега траеше 4 часа и 16 минути. Продолжението на мечот е на теренот број еден по дуелот во женска конкуренција меѓу Каролине Возниачки и Камила Џорџи.

Пласман во осминафиналето обезбедија: Новак Ѓоковиќ, Кевин Андерсон, Денис Кудла, Стан Вавринка, Давид Гофин, Ришар Гаске и Ник Киргиос.

Денеска ќе бидат познати и другите осминафиналисти на Вимблдон по мечевите од третото коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top