| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска на чекор до титулата во Дејвис-купот

Хрватската Дејвис-Куп репрезентација е на чекор до втората „салатара“ во својата историјата, откако по вториот ден на финалето поведе со 2-1 против Аргентина и само што една победа ги дели „коцкестите“ до освојување на најстарото тениско натпреварување во светот.

Кумовите Марин Чилиќ и Иван Додиг на доминантен начин ги совладаа Аргентинците Хуан Мартин дел Порто и Леонардо Мајер со 3-0 во сетови (7-6, 7-6, 6-4) за неполни три часа борба. Во првоте два сета решаваше 13. гем, но секогаш при важните поедни поконцентрирани и посреќни беа Хрватите и носени од 15.000 луѓе во „Арената“ стекнаа психолошка предност, која во третиот сет ја преточија во сигурна победа.

Посебно ранливи „гаучосите“ беа на сервисот на Лео Мајер, па трипати во мечот Хрватска правеше брејк. Со оваа победа домаќинот на финалето поведе со 2-1 и се наоѓа на една победа до славје.

Утре во последните сингл мечеви ќе играат Дел Порто – Чилиќ и Делбонис – Карловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top