Вчера во центарот на Атина се собраа две ривалски групи два дена пред референдумот.
Околу 25.000 противници на програмата на меѓународните кредитори за спас на Грција се собраа на плоштадот Синтагма, каде им се обрати премиерот Алексис Ципрас.
На само 800 метри од таму, пред стадионот „Панатинаикос“, дојдоа околу 20.000 противници на оваа политика, кои кои на претстојниот референдум во недела ќе гласаат за мерките.
Демонстрантите кои ја поддржуваат програмата на кредиторите, извикуваа проевропски слогани, предупредувајќи дека по референдумот Грција би можела да ја напушти еврозоната.
На почетокот на протстите група млади почна да фрлаат камења, а полицијата одговори со парализирачки гранати и уапси еден човек, а во еден момент беа фрлени и шок бомби, јавија грчки медиуми.
На трибината на плоштадот „Синтагма”, пак, излегоа да зборуваат претставници на шпанската и германската левица, кон кои им се приклучи и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Премиерот најави дека негативен на референдумот значи избор “да живеат достоинствено во Европа”. Тој ги повика Грците за гордо НЕ на ултиматумот и на оние кои ги тероризираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)