До референдумот во Грција има уште само два дена, и во изминатиот период погледнавме многу фотографии на пензионери кои се буткаат пред банките во надеж дека ќе земат пари од своите сметки. Но, оваа фотографија ја претставува сета трагедија на грчкиот народ.
Еден постар Грк, не можејќи да го истрпи притисокот седнал на тротоарот пред една банка и почнал да плаче, а обезбедувањето на банката се обидело да го отстрани оттаму.
Очите на целиот свет се свртени кон Грција, каде што в недела се одржува референдум на кој граѓаните ќе решаваат дали ќе го поддржат предлогот на меѓународните кредитори кој, меѓу другото вклучува и намалување на пензии и зголемување на ДДВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.