| четврток, 6 декември 2018 |

„Курир“:Гуштеров со сомнително стекнат капитал се става на услуга на СДСМ и Заев

„Тој е еден од оние ликови кои почетниот капитал го направи токму на грбот на работниците во време кога стегите попуштаа и контролата врз работата не беше присутна, исто како и почитувањето на законите

Ристо Гуштеров е од ликовите кој стана синоним за богатство и раскош, стекнато во темниот пред транзициски период, и еден од првите кој ја предвестуваше криминалната транзиција каде малкумина се стекнаа со милиони за сметка на работниците. Практично богатењето на Гуштеров е предвесник на се она што се случуваше подоцна во нашата држава, пишува порталот „Курир“.

risto gusterov

Според „Курир“ Гуштеров деновиве се труди да биде актуелен во политиката целосно ставајќи се на услуга на СДСМ и Заев, глумејќи расипан грамофон на нивните политики и сценарија.

„Тој е еден од оние ликови кои почетниот капитал го направи токму на грбот на работниците во време кога стегите попуштаа и контролата врз работата не беше присутна, исто како и почитувањето на законите. Тој како дел од раководниот кадар на државната фирма „Технометал“ заминува во Русија, каде наместо во функција на развој на компанијата, неговата работа се капитализираше на неговото приватно конто. Компанијата во осумдесетите  години во потрага по нови можности го испрати во Русија со цел да обезбеди напредок и нови пазари, но фирмата стагнираше, а вработените често остануваа и без плати. Единствениот кој имаше ќар и профит беше токму Гуштеров, кој заработуваше милиони, пари кои му помогнаа да развие силен бизнис и практично со тие средства тој до денес опстојува“, пишува порталот.

Гуштеров никогаш не кажа како вработен во една државна фирма преку ноќ може да стане милионер, и колку ги злоупотреби своите позиции во таа фирма за личен ќар и профит. Но, доколку и тоа се тргне на страна, дополнително поразително е што од неговите милиони никој не виде ќар, а најмалку граѓаните, освен во ретки исклучоци.

Гуштеров не вработи никого, ниту инвестираше во нешто позначително во Македонија.

Неговата најголема инвестиција е инвестицијата во неговиот личен комодитет, огромна хациенда на Водно со гаражи дивоградба, а во однос на вработувањето, Гуштеров единствено е работодавач на неговиот градинар и послуга во служба на семејството Гуштерови.

Откако направи пари на грбот на „Технометал“, тој се обиде да добие и репутација, мислејќи слично како и денес, дека со манипулации ќе добие симпатии при што се обиде да стане политичар и функционер. Неговиот последен обид беше кандидат за пратеник на Парламентарните избори во 2011 година од партијата Достоинство. На тие избори Гуштеров доживеа дебакл. Не само што народот не го избра, туку со таквото негласање му покажа што мисли за овој арогантен, самовљубен и фрустиран лик со сомнително  и според некои показатели  криминално стекнат капитал.

Гуштеров е добар пример за тоа  дека народот е мудар и дека веќе не одобрува политичари мешетари и ликови кои мислат дека со своите милиони ќе ја купат довербата од граѓаните.

Сосема е јасно дека Гуштеров, политиката како и се друго во неговиот живот го гледа низ призмата на личниот профит и бенефит.

Последниот политички обид е неговото  враќање во политиката со ставови кои се во служба на сценаријата на Заев и СДСМ, на моменти превземајќи ја улогата на нивен партиски гласноговорник.

Очигледно милионите на Гуштеров палат единствено кај СДСМ и нивното раководство кој го ангажираат самиот Гуштеров да одработува за нивната агенда. Заев и Гуштеров имаат многу слични животни патишта. Тие преку ноќ станаа милионери и тоа на грбот на народот, од просечни семејства, злоупотребувајќи ја позицијата на која се наоѓале прераснале во бизнисмени и милионери,  а сега продолжуваат со лаги и манипулации да бидат актуелни во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top