На иницијатива на Универзитетот Американ колеџ Скопје, ФХ3Х беше номиниран и прогласен за Европски шампион за претприемништво од Меѓународниот академски совет при Европска фондација за претприемачки развој во Варшава во 2011 година, заедно со уште 24 компании од Централна и Источна Европа.
Во рамки на оваа соработката се публикуваше универзитетскиот учебник „Кршење на мраз на претприемачки начин: Процеси и студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа“, во со-авторство на Џулија Пратс, Марк Сосна и Силвија Шишко – Романчук, а во издание на светски престижниот издавач Пелгрејв Мекмилан.
ФХ3Х има заслужено место во учебникот покрај останатите 14 успешна приказна, кои меѓудругото ја отсликуваат бизнис климата во Европа и тешките услови за освојување на светските пазари.
За првпат една македонска компанија се појавува во академски учебник за претприемништво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.