| четврток, 6 декември 2018 |

Патриотскиот фронт ќе продолжи да ја поддржува владата на Борисов

бојко

Раководството на бугарската националистичка коалиција Патриотски фронт (ФП) на своето денешно заседание реши и натаму да продолжи да ја поддржува малцинската влада на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Сепак, како што јави БТА, во следните три месеци ПФ ќе врши строга контрола за тоа дали Владата ги спроведува преземените обврски и дали работи на решавање на проблемите, пред сѐ оние поврзани со борбата против криминалот и со зголемувањето на цената на електричната енергија.

ПФ на 3 јуни објави Декларација од седум точки, чие исполнување, како што најави, ќе биде услов за нејзина понатамошна поддршка на Владата. Пред еден месец ПФ оцени дека Владата „не направила речиси ништо“ по седумте посочени проблеми.

Во текот на изминативе 30 дена лидерите на ПФ, Валери Симеонов и Красимир Каракачанов одржаа серија средби со претставници на Владата и на партиите од владејачката коалиција. Последната од нив се одржа вчера меѓу Симеонов и Каракачанов и бугарскиот премиер Борисов.

ПФ на денешното заседани одени дека по пет од наведените точки Владата презела „задоволителни“ активности, додека по две дала незадоволителна оценка.

Во текот на преговорите со владините претставници, лидерите на ПФ издејствувале поддршка за неколку законски иницијативи на коалицијата и за измени во Законот за Бугарите што живеат надвор од земјата.

Владата го прифатила и предлогот на ПФ за одржување референдум на денот на локалните избори, на кои граѓаните би требло да се изјаснат за законска обврска за задолжително исполнување на гласачкото право. Доколку предлогот не добие поддршка на реферндумот, партиите од владината коалиција се обврзале да го поддржат предлогот на ПФ за т.н. активна регистарција во Избирачкиот кодекс.

Коалицијата Патриотски фронт ја сочинуваат евроскептичниот националистички Национален фронт за спас на Бугарија (НФСБ) на Сименонов и националистичката и десно популистичка партија ВМРО-Бугарско национално движење (ВМРО-БНД) на Каракачанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top