| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата за белата боја на Вимблдон

Tennis - 2013 Wimbledon Championships - Day One - The All England Lawn Tennis and Croquet Club

Вимблдон е најстариот гранслем-турнир, се игра од 1877 година и има вековна традиција и правила што се мошне строги и не се менуваат низ историјата на престижниот летен тениски настан.

Белата боја на опремата е задолжителна, а причината за тоа правило, кое е строго, е интересна. На почетоците на турнирот било дозволено да се игра во облека по сопствен избор, но срамот од потта која била видлива на опремата довела да се воведе ново правило. И да се носи исклучиво бела маица, шорц, чорапи и патики. Дури и лентите на главата мора да бида во бела боја, на која најмалку се забележува потта.

Исклучок, и тоа минимален, се рекламите на дел од опремата кај тенисерите и тенисерките кои можат да бидат во различни бои. Дека нема попуст за никого покажа случајот и со Роџере Федерер лани. Учесниците на Вимблдон мора да пријават пред почетокот на турнирот во каква опрема ќе играат, а на швајцарскиот ас, кој е легенда на терените на Њу Ол-Ингланд клубот, му беше речено дека ќе треба да направи корекција на патиките. Само поради портокаловата боја на долниот дел, но правило си е правило и исклучок нема за никого. Ниту за големиот Роџер кој е седумкратен победник во Лондон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top