Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека лошата политика може да ја зголеми масовноста на миграцијата и оти поради тоа, тој одлучил да воведе цврста политика за заштита на границите.
– Штитејќи ја Унгарија, ние ја штитиме Европската унија – изјави тој во интертвју за државното радио.
Говорејќи за Грција, Орбан истакна дека во иста позиција би била и Унгарија доколку во 2010 година не била единствена и доколку неговата влада не обезбедела двотретинско мнозинство.
Премиерот на Унгарија изјави дека има големи симпатии кон Грците и дека навива за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.