Речиси 150 Нигеријци се убиени во најновиот напад на Боко харам во села североисточно од Нигерија, јави Танјуг.
Во нападите се убивани претежно момчиња и мажи додека се молеле во џамиите, но и жени додека подготвувале храна во своите домови.
Десетици екстремисти упаднаа во три оддалечени села во нигериската сојузна држава Борно синоќа по локално време, опожарувајќи куќи во најкрвавиот напад на оваа екстремистичка група откако нигерискиот претседател Мухамед Бухари дојде на власт во мај оваа година.
Вооружени напаѓачи убиле најмалку 97 селани во селото Кукави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.