Бројот на нападите од деца бомбаши-самоубијци, пред сè девојчиња, припадници на Боко Харам во текот на минатата година порасна за 11 пати, соошти Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Децата бомбаши-самоубијци се главно осумгодишни девојчиња, кои нападите ги изведуваат во училиштата и трговските центри низ Западна Африка.
Самоубиствените напади се проширија надвор од границите на Нигерија, со сè поголем број напади од деца кои бомбите ги кријат под блузите или во торби.
– Употребата на децата, особено девојчињата, како бомбаши-самоубијци стана алармантна карактеристика на овој судир. Боко Харам ги воспитува децата со лепење на бомби на своето тело да се свртат против сопствената средина, а за некои се претпоставува дека не знаеле оти носат бомби, оцени регионалниот потпарол на УНИЦЕФ, Лоран Дувилие.
Според него, во 2014 година имало четири напади кои ги извеле деца, додека лани биле извршени 44 напади од деца-бомбаши, во најголем број во Камерун и Нигерија.
Американската армија од своја страна оцени дека не е јасно како Боко Харам ги убедува девојчињата да го изведат нападот.
– Но, оние кои се силувани имаат се психички нарушување и така се подложни на послушност во секој облик, се наведува во соопштението од војската на САД.
„Амнести интернешнл” проценува дека Боко Харам киднапирал околу 2.000 жени и девојчиња во 2014 година, кои ги користи како сексуални робинки и бомбаши-самоубијци.
– Три четвртини од бомбашите-самоубијци се девојчиња, а киднапираните момчиња се принудени да ги напаѓаат своите семејства со цел да докажат дека се лојални на Боко Харам, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
„Хјуман Рајтс Воч” потврди дека речиси милион нигерски деца не посетуваат настава, бидејќи Боко Харам уништи повеќе од 900 училишта и стрелаше повеќе од 600 учители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.