| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво на момчето кое се обиде да го спаси бебето во сообраќајката: Глетката беше страшна!

Охриѓанецот Бобан Наумоски бил сведок на вечерашната трагедија која се случи на патот Охрид – Кичево во која животот го загубија две дечиња и една жена, а тројца се повредени од кои двајца потешко и се наоѓаат во Ургентниот центар во Скопје, објави порталот „Охрид 1“.

Во изјавата за овој портал Наумоски вели дека тој и другите сопатници сториле сѐ да ги откорнат вратите од згмечениот автомобил за да помогнат на повредените, но лошата судбина на несреќното семејство за жал била побрза од нив. Бобан во ексклузивната изјава за „Охрид1“ вели дека глетката била страшна, возилото било буквално сплескано, а бебето кое го извлекле од возилото починало на пат за Кичево.

– Имаше шлепер паркиран од страна кој го поминавме. Колата и комбето чадеа! Колата беше буквално сплескана скроз и возачот беше заглавен напред. Сѐ уште беше жив… Не се гледаше ништо внатре. Откако ја отворивме врата од позади забележавме дека една жена стои заглавена меѓу двете седишта, а бебенцето беше на задното седиште и даваше знаци на живот. Имаше пулс… Додека се обидував да ја откорнам предната вратата, другите кои беа со мене го извлекоа бебето од автомобилот и се јавивме во ”Брза помош”. На брзата помош и кажавме дека со бебето се уаптуваме кон Кичево, го држевме бебето наведнато на лева страна за да не го голтне јазикот, но за жал бебето помодре во телото, го изгуби пулсот и почина – вели Бобан кој е обучен за пружање прва помош бидејќи неколку години работи како спасувач на плажа.

– Повикавме и пожарна за да ги сечат вратите на автомобилот – вели Бобан.

фото: Охрид 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top