| четврток, 6 декември 2018 |

Емил Хески: Ќе го сменам презимето во Хескивиќ и ќе играм за Црна Гора

Поранешниот англиски репрезентативец Емил Хески е воодушевен од играта на Црна Гора против Англија, а интересна е реакцијата на фудбалерот на Њукасл џетс. На својот профил на „Твитер“, Хески напиша: Ќе го сменам презимето во Хескивиќ и ќе играм за Црна Гора.

Секако тоа нема да се случи и е напишано на шеговит начин, но Емил, како и поголемиот дел од англиската спортска јавност, признаваат дека аутсајдерот Црна Гора била подобрата селекција на квалификацискиот меч во Подгорица, што заврши нерешено, 1-1. Критиките кон фудбалерите на гордиот Албион не стивнуваат. Особено на нишан е Стивен Џерард, за неспортскиот потег по мечот, кога налутен ја фрли маицата кон публиката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top