Изминатиов викенд настан број еден беше свадбата на Тамара Тодевска и Александар Димитровски Мачка. Злите јазици откако спласна еуфоријата околу фустанот, будермаерот, старостватицата…се зафатија со приватниот живот на Тијана. На фотографиите кои досега беа објавени го немаше нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ и веднаш почнаа шпекулациите дека не допатувал, дека најверојатно се разведуваат… Но денеска Тамара на својот „Фесјбук“ профил објави приватни фотографии од свадбата на кои е фотографиран и Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.