| четврток, 6 декември 2018 |

„Доларот“ на Енди Ворхол продаден за 32 милиони долари

Сликата „Банкнота од еден долар“ од 1962 година, која е една од пресвртните точки во кариерата на Енди Ворхол, е продадена на аукција во „Сотби“ за 32,8 милиони долари.

dolarot na Endi

Ова е единствена слика што е насликана со рака, бидејќи Ворхол во тоа време почнал да се занимава со печат, а од оваа практика подоцна ќе се родат некои од најпознатите дела и циклуси на Ворхол, како тие што се посветени на Мерилин Монро, Елвис Присли и Џеки Кенеди.

– Ги сакам парите на мојот ѕид – велел Ворхол, мислејќи на тоа што неговите слики прикажуваат пари, но и достигнуваат многу висока цена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top