Имотот на легендарниот поп арт уметник Енди Ворхол во Њујорк е продаден за рекордни 50 милиони долари. Имено, нов сопственик на уникатниот комплекс “Eothen” е Адам Линдман, основач на галеријата „Venus Over Manhattan“, но и голем познавач и љубител на ументоста на Ворхол.
Имотот е изграден во 1930-та година и бил замислен како рибарски камп и се состои од куќа со површина од 353 метри квадратни и пет колиби.
Ворхол го купил имотот во 1970-тите за 220 000 долари, и во време на неговата најголема слава тука престојувале членовите на Rolling Stones, Елизабет Тејлор, Џон Ленон и други култни личности.
Главната куќа во овој комплекс, со шест спални соби и осум купатила ја дизајнирал британскиот архитект Дејвид Аџеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.