| четврток, 6 декември 2018 |

За сла­тка­та гра­до­на­чал­нич­ка фо­тел­ја се ну­ди од пи­ле мле­ко

Во три­не­дел­на­та кам­па­ња за ло­кал­ни­те из­бо­ри, кан­ди­да­ти­те за гра­до­на­чал­ни­ци, по­ве­ќе или по­мал­ку, вле­гоа под­го­тве­ни со ви­стин­ски про­е­кти за раз­вој на оп­шти­ни­те и за по­до­бру­ва­ње на жи­вот­ни­от стан­дард на гра­ѓа­ни­те. Дел од нив по­ну­ди­ја и мно­гу не­ре­ал­ни про­е­кти, со кои се на­де­ваа де­ка ќе „ку­пат“ не­кој глас по­ве­ќе. Во жа­рот на бор­ба­та, за вре­ме на јав­ни­те пре­зен­та­ции на про­е­кти­те и во про­мо­тив­ни­те спо­то­ви на кан­ди­да­ти­те ви­дов­ме и мно­гу ко­мич­ни мо­мен­ти пре­диз­ви­ка­ни од лап­су­си, но и, на­ви­сти­на, ори­ги­нал­ни идеи, кои, да би­де­ме ре­ал­ни, ре­чи­си се и не­из­вод­ли­ви. Ги изд­во­ив­ме овие че­ти­ри ве­ту­ва­ња, кои до­кол­ку нив­ни­те пред­ла­га­чи, на­ви­сти­на, ста­нат гра­до­на­чал­ни­ци, ќе би­де мно­гу ин­те­рес­но да ви­ди­ме ка­ко ќе ги ис­пол­нат.

1.

„Би­то­ла мо­ра да би­де про­из­во­ди­тел број 1 на хра­на во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ние за­бо­ра­вив­ме да гра­ди­ме фир­ми, по­го­ни, фа­бри­ки… Имам кон­крет­ни про­е­кти. На при­мер, со жи­ви­нар­ска фар­ма. Во план ми е во фа­зи да стиг­не­ме до два-три ми­ли­о­ни ко­ко­шки во Би­то­ла. Во таа жи­ви­нар­ска фар­ма не са­мо што ќе има­ме ко­ко­шки и ќе до­би­ва­ме ме­со и мле­ко, ќе се отво­ри по­гон за про­из­водс­тво на пер­ду­ви­те во јор­га­ни и во вен­ти­ја­ги и та­ка на­та­му. Друг по­гон кла­ни­ца ќе се отво­ри. Трет по­гон ка­де што ќе се го­ри оста­то­кот од ко­ко­шки­те и од це­ла око­ли­на и да се на­пра­ви ми­ни-еле­ктро­цен­тра­ла. От­па­до­кот од ко­ко­шки­те се ко­ри­сти ка­ко ар­ско ѓу­бре, мо­же гас да се про­из­ве­ду­ва. Зна­чи од ед­на жи­ви­нар­ска фар­ма мо­же да има уште пет шест по­го­ни и да вра­бо­ти­ме мно­гу лу­ѓе. Зна­чи тре­ба да се раз­мис­лу­ва. Тоа е нај­важ­но за ме­не, за­тоа што ме­со­то во све­тот, па и кај нас ту­ка е ска­по“.

Не­за­вис­ни­от кан­ди­дат за гра­до­на­чал­ник на Би­то­ла, Јор­го Ог­не­нов­ски, сво­јот уни­ка­тен пред­лог го откри за би­тол­ска­та ло­кал­на те­ле­ви­зи­ја „Ор­бис“. Ори­ги­нал­но, не­ма збор! Кој би ре­кол де­ка би­тол­ча­ни мо­жат да ос­тва­рат тол­кав бла­го­дат бла­го­да­ре­ние на ко­ко­шки­те. Ог­не­нов­ски во де­тал­ни­от опис на про­е­ктот са­мо про­пу­шти да ка­же кој ќе ги мол­зе ко­ко­шки­те.

(од 1.19 до 2.28)

2.

Кан­ди­да­тот на Со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та уни­ја за гра­до­на­чал­ник на оп­шти­на Га­зи Ба­ба, Го­це Дел­чев То­дев, нај­а­ви про­е­кти не са­мо за жи­те­ли­те на оп­шти­на­та ту­ку и за по­кој­ни­ци­те. Во сво­јот про­мо­ти­вен спот тој ве­ту­ва де­ка гро­би­шта­та во Кам­ник ќе ги уре­ди по тер­кот на тие од гра­до­ви­те во по­ра­неш­на СФРЈ, кои ги по­се­тил за вре­ме на бра­то­у­бис­тве­ни­те вој­ни во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на 20 век.

„Бог да ги про­сти си­те по­кој­ни ду­ши. Си­те што по­чи­ва­ат на гро­би­шта­та во Кам­ник. Си­те што по­чи­ва­ат во Скоп­је, Ма­ке­до­ни­ја и во це­ли­от свет. 32 го­ди­ни од за­ко­пу­ва­ње­то на пр­ви­те мр­тви те­ла на Кам­ник до де­нес, мно­гу, мно­гу мал­ку е сто­ре­но во де­лот на ин­фра­стру­кту­ра и во де­лот на уре­ду­ва­ње на овој про­стор. На гро­би­шта­та не­ма во­да, еле­ктрич­на енер­ги­ја и од­вод, за па­тот и тро­то­а­ри да не збо­ру­ва­ме. Ако ста­нам гра­до­на­чал­ник се­то ова ќе би­де ми­на­то, за­тоа што и мо­ја­та ду­ша ќе по­чи­ва ту­ка, дај Бо­же да би­дам во Р. Ма­ке­до­ни­ја и по мо­ја­та смрт мо­и­те по­том­ци ќе мо­ра не­ка­де да ме за­ко­па­ат – тоа ќе би­де ов­де. Сум имал мож­ност по це­ла­та СФРЈ да би­дам при­су­тен на гро­би­шта низ по­ве­ќе гра­до­ви би­деј­ќи во­е­ни­те дејс­тва од 1991 го­ди­на од­не­соа огро­мен број чо­веч­ки жр­тви, кои беа и огро­мен дел мои бли­ски при­ја­те­ли, дру­га­ри, ци­ме­ри, со­и­сто­мис­ле­ни­ци, но вој­на­та им ги зе­де жи­во­ти­те. Сум при­су­тен на нај­раз­но­раз­ни по­гре­би во мно­гу гра­до­ви низ по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, имав мож­ност и над­вор од Бал­ка­нот да ви­дам гро­би­шта уре­де­ни во ме­тро­по­ли, кои прет­ста­ву­ва­ат ме­сто до­стој­но за рес­пект, ме­сто за спо­ко­ен на­чин на по­чи­ва­ње на си­те по­кој­ни ду­ши“.

3.

Не­за­вис­ни­от кан­ди­дат за гра­до­на­чал­ник од Гра­ѓан­ска оп­ци­ја за Ка­ва­дар­ци Зо­ран­чо Бој­ков­ски им ве­ту­ва на ка­ва­дар­ча­ни ва­у­чер од 2.000 евра ако ста­не гра­до­на­чал­ник. Па­ри­те ќе ги до­би­е­ле на тој на­чин што це­ли­от имот на оп­шти­на­та ќе го про­да­де на до­ма­ќин­ска ком­па­ни­ја, а по­ло­ви­на од за­ра­бо­тка­та ќе си ја по­де­лат си­те жи­ви жи­те­ли на оп­шти­на­та. Бој­ков­ски не ка­жа што пла­ни­ра да им да­де на тие што до­пр­ва ќе се ро­дат. Се чи­ни ид­ни­те ге­не­ра­ции ќе тре­ба да си го ба­ра­ат де­лот од сво­и­те ро­ди­те­ли. За ед­ни смеш­но, за дру­ги тра­гич­но, за тре­ти, мо­же­би, се­ри­оз­но. Еве ка­ко изг­ле­да пред­ло­гот на Бој­ков­ски:

„Про­е­ктот ’Ва­у­чер‘ га­ран­ти­ра су­ма од 125.000 де­на­ри за се­кој гра­ѓа­нин на оп­шти­на Ка­ва­дар­ци, без раз­ли­ка на во­зра­ста и на ка­ква би­ло опре­дел­ба. За да се ис­пол­ни про­е­ктот, по­треб­но е да се из­вр­шат три че­ко­ри. Пр­во, фор­ми­ра­ње ком­па­ни­ја ’Ка­ва­дар­ци‘ а.д.. Оваа ком­па­ни­ја ќе би­де сопс­тве­ник на це­ли­от имот на гра­ѓа­ни­те на оп­шти­на Ка­ва­дар­ци, кој е из­гра­ден со са­мо­при­до­нес или по ко­ја би­ло дру­га ос­но­ва, а де­нес го упра­ву­ва­ат ор­га­ни­те на ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва. Вто­ро, оваа ком­па­ни­ја, фор­ми­ра­на ка­ко ак­ци­о­нер­ско друш­тво со ка­пи­тал по­де­лен на 40.000 ак­ции, од­нос­но, тол­ку кол­ку што има гра­ѓа­ни Ка­ва­дар­ци, тол­ку кол­ку што ние пла­ни­ра­ме да по­де­ли­ме ва­у­че­ри. Оваа ком­па­ни­ја ќе има и ед­на злат­на ак­ци­ја со ко­ја ќе упра­ву­вам лич­но јас ка­ко иден гра­до­на­чал­ник и си­те ид­ни гра­до­на­чал­ни­ци. Таа злат­на ак­ци­ја ни­кој ќе не­ма пра­во да ја про­да­де и ќе би­де га­ран­ци­ја за гра­ѓа­ни­те на Ка­ва­дар­ци. Це­ла­та го­диш­на до­би­вка на оваа ком­па­ни­ја ќе се де­ли на два де­ла. 50 про­цен­ти за ре­ин­ве­сти­ра­ње и 50 про­цен­ти за де­ле­ње ди­ви­ден­да на ак­ци­о­не­ри­те – гра­ѓа­ни­те на Ка­ва­дар­ци. Тре­то, отка­ко ќе се ре­а­ли­зи­ра­ат овие два че­ко­ра, на гра­ѓа­ни­те на оп­шти­на Ка­ва­дар­ци ќе им би­де по­ну­де­но оп­ци­ја сво­и­те ак­ции да ѝ ги пре­пу­штат на на­ци­о­нал­на ком­па­ни­ја, ко­ја ќе би­де за­ин­те­ре­си­ра­на и ќе да­де чес­на по­ну­да за пре­зе­ма­ње“.

4.

„За­ед­но со Ја­ни Ма­кра­ду­ли, на­ши­от иден гра­до­на­чал­ник на Скоп­је, со кој се гор­де­ам де­ка сум со­бо­рец, ќе го на­пра­ви­ме мо­стот од Кар­пош кон Ѓор­че Пе­тров и ќе ги по­вр­зе­ме овие две оп­шти­ни. Ова е вре­ме за лу­ѓе што зна­ат да се од­ва­жат, за хра­бри лу­ѓе, за да ги ме­ну­ва­ме ра­бо­ти­те во на­ша­та др­жа­ва, по­ра­ча кан­ди­да­тот за гра­до­на­чал­ник од СДСМ за оп­шти­на Кар­пош на про­мо­ци­ја на кан­ди­да­ти­те за гра­до­на­чал­ни­ци за скоп­ски­те оп­шти­ни од „Со­ју­зот за ид­ни­на­та“ во Уни­вер­зал­на са­ла во Скоп­је“.

Ан­дреј Пе­тров и не­го­ви­от „со­бо­рец“ Ја­ни Ма­кра­ду­ли прем­но­гу „хра­бро“ ве­ти­ја де­ка ќе гра­дат мост од Кар­пош до Ѓор­че Пе­тров. Мо­стот, спо­ред нив­на­та ма­те­ма­ти­ка­та, ќе би­де тол­ку го­лем што ќе мо­же да се кан­ди­ди­ра за Ги­нис, а лу­ѓе­то што ќе ми­ну­ва­ат по не­го, бу­квал­но, ќе мо­жат да ја пре­ле­та­ат скоп­ска­та на­сел­ба Влае и ди­рект­но од Кар­пош да ста­са­ат во Ѓор­че Пе­тров. Дру­га­та оп­ци­ја, ко­ја е по­ве­ро­јат­на, е де­ка Пе­тров и Ма­кра­ду­ли не зна­ат де­ка од дру­га­та стра­на на бре­гот на Вар­дар во Кар­пош 4 е на­сел­ба­та Влае, ко­ја, исто та­ка, е дел од оп­шти­на Кар­пош.

 

(од 4.32 до 4.41)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top