| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата влезе во домовите на браќата Мамиќ, следи апсење?!

Владетелите во сенка на хрватскиот фудбал, браќата Мамиќ, имаат сериозни проблеми. Полицијата упадна во нивните домови и во просториите на Динамо.

Браќата Мамиќ, Здравко, кој ги влече сите конци во хрватскиот фудбал, и неговиот брат Зоран, кој е тренер на Динамо Загреб, не се во Хрватска бидејќи се на подготовки со клубот во Словенија.
Покрај нив во истрагата за затајување данок се опфатени и долгогодишниот директор на „модрите“ Врбановиќ и еден вработен на висока позиција во Управата за јавни приходи.

Освен домовите, полицијата ги претресува и службените простории на Динамо, со цел да најде доволно докази за да подигне обвинение.

Динамо Загреб се огласи со соопштение дека целата акција е исконструирана со цел да се затворат браќата Мамиќ. Здраво Мамиќ даде изјава во Словенија дека е подготвен да се врати во Загреб од Словенија, но неговиот адвокат му кажал дека тоа не е потребно.

По ова, клубот најави дека веќе нема да дава соопштенија, а дали ќе бидат приведени браќата Мамиќ по доаѓањето во својата држава, останува да се види.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top