| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентина укажува на лошите последици од мерките за штедење

арге

Аргентинската претседателка Кристина Кирхнер ја спореди кризата во Грција, каде се заканува банкрот, со Аргентина во 2001 година, укажувајќи на лошите последици од примената на строгите мерки за штедење.

– Она што го проживува грчкиот народ е идентично со она што го имаа Аргентинците во 2001 година – последиците од лошата неолиберална политика, постојаните драстични мерки за штедење кои водат до сиромаштија, глад и невработеност – истакна Кирхнер.

Според неа, 60 отсто од младите Грци немаат работа, а 30 проценти од грчките граѓани користат свеќи за да заштедат електрична енергија.

Аргентина во 2001 година прогласи банкрот, кој значеше неплаќање на речиси 100 милијарди долари приватен долг. По реструктуирање на долгот, двапати во 2005 и 2010 година, долгот од приватните кредитори е намален за околу 93 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top