Лоши вести за останатите европски клубови, ПСЖ веќе не е под суспензија за регистрирање нови играчи, поради нарушување на финансискиот ферплеј. „Светците“ тргнуваат во офанзива.
Шампионот на Франција повторно може да регистрира 25 играчи, и да потроши нови 60 милиони евра за засилувања без да продаде ниту еден играч.
Листата е направена и јасно е дека ПСЖ ќе се засили со цел да го нападне тронот на Лигата на шампионите.
Прва желба на управата е Аргентинецот Ди Марија кој беше желба и минатата сезона, но премина во редовите на Манчестер Јунајтед. По лошата сезона во дресот на „црвените ѓаволи“ Ди Марија сака да си замине од клубот и тоа секако ќе се обидат да го искористат шампионите од Париз.
На голот ќе се обидат да го доведат Уго Лорис од Тотенхем кој треба да го замени Сиригу. Малку веројатно е дека ќе го пуштат Ибрахимивиќ да си оди по најавите дека Милан е заинтересиран да го врати во своите редови, но ако тоа се случи прва цел е Карим Бензема или Кун Агуеро.
За следното лето сакаат да го доведат Кристијано Роналдо и да го направат најскап играч во историјата на фудбалот, како и фантастичниот белгиец од редовите на Челси, Еден Азар.
Откако ја составија листата за нови играчи, управата на ПСЖ ќе се обиде да ги продаде Лавеци и Кабаје како би обезбедиле дополнителни средства за засилувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Суспендиран полицаецот кој го фотографираше Чавков во Шутка: Во тек е дисциплинска постапка
-
Медицински сестри суспендирани зашто не можеле да му се нагледаат на алатот на починат пациент
-
Лето за паметење во Монако: Остварија профит од скоро 300 милиони евра
-
Фудбалската почва во Европа продолжува да се тресе, Бејл во Англија, Мбапе во Мадрид?!