Италијанскиот шампион и вицепрвакот на Европа Јувентус, синоќа ги претстави новите дресови за следната сезона, доведоа неколку квалитетни засилувања за следната сезона, а одбија и да го продадат Погба, бар засега.
Се чини дека полека но сигурно можат да се насочат кон почетокот на подготовките со ладни глави, и да се обидат да повторат резултатите од оваа сезона, кои беа фантастични. Две титули во Италија и финале на ЛШ.
Првата комбинација на дресовите е онаа стандардната, црно-бела, втората е розова, додека третата е црна и најверојатно ќе се користи на гостинските натпревари во Лигата на шампионите.
Од играчкиот кадар новите засилувања се Дибала, Кедира, Манџукиќ, Ругани, а подготовките ќе ги започне и Заза. Џиџи Буфон доби нова резерва во името на Нето кој ќе го замени Сторари.
Си заминуваат Тевез, Пирло, а по нивните стапки може да тргнат и Видал и Љоренте. Како што наведуваат од Торино Погба ќе остане, а управата сака да купи уште еден врвен играч од средината на теренот.
Прва мета е Оскар од Челси за кого „старата дама“ веќе понуди 28 милиони фунти, додека „сините“ од Лондон инсистираат на обештетување од 35 милиони.
Сепак Јувентус ќе се обиде да го ангажира Иско од Реал Мадрид, но управата на “кралевите“ не сака да слушне за тој трансфер. Торинскиот тим ќе се обиде да го понуди Видал и да доплати одредена сума.
Ако Јувентус не успее да доведе еден од двајцата играчи кои според новата формација треба да играат веднаш зад двајцата напаѓачи, тогаш ќе се обиде да до доведе на позајмица Квадрадо или пак Јоветиќ кои сепак се поблиску до Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.