| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со аплауз го поздрави простувањето на Ниеминен од Вимбдлон (видео)

Новак Ѓоковиќ постапи во духот на Вимблдон, џентлментски и со аплауз го испарти својот противник Јарко Ниеминен по победата од 3-1 во сетови.

Ниеминен е еден од најсимпатичните тенисери на АТП турнирите, а веројатно го одигра последниот меч на Вимблдон, па доби силни аплаузи и од публиката, но и од ривалот Ѓоковиќ.

Симпатизерите на тенисот во Македонија се сеќаваат на Јарко Ниеминен, кој ни беше гостин со Финска на Дејвис куп меч од Првата Евроафриканска зона. Тогаш како 17-рангиран светски тенисер, човек кој со скромноста, со односот и со одличните игри ги освои срцата на македонските тениски фанови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top