Кинезите јадат се повеќе, помалку растат, но се повеќе се дебелеат, покажуваат резултатите од десетгодишното истражување кое предупредува на алармантната прогресија на дебелината меѓу населението.
Од 2002 до 2012 година просечната висина на Кинезите е зголемена за еден сантиметар и достигна до 167 сантиметри и просечната висина на жените е е 155 сантиметри, што е еден сантиметар повеќе од пред десет години, се посочува во студијата на Националната комисија за здравје и семејно планирање.
Но, мажите во Кина се потешки за два, а жените за три килограми од пред десет години. Просеќната тежина на мажите изнесува 66,2 килограми, а на жените 57,3 килограми.
За зголемувањето на тежината „виновник“ е месото, симбол на богатство, кое се повеќе ги заменува традиционалните кинески јадења, кои се состојат од зеленчук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.