Воениот бункер на Мусолини, кој требал да биде неговото последно засолниште, се наоѓа под поранешниот фашистички штаб, а откриен е сосема случајно, кога инжењерите заглавиле на железната врата од подот.
Фотографиите од засолништето неодамна се објавени за прв пат, а бункерот наскоро би требало да биде отворен за јавноста.Бункерот, во кој Мусолини требал да се заштити од бомбардирањата на сојузниците е изграден околу 15 метри под фашистичкото седиште во Рим и има засилени бетонски ѕидови. Засолништето било толку тајно, што се до 2011 година не се ни знаело за него воопшто. Историчарите веруваат дека италијанскиот диктатор го изградил за себе и неговата љубовница Claretta Petacci, но е уапсен пред да биде завршен бункерот и тој никогаш не бил во функција.
Бункерот со големина од 80 метри квадратни е сместен така што Мусолини во случај на опасност во него можел да се спушти во рок од неколку секунди.Од бункерот водат два излеза за бегство, еден до портата од соседната црква Св.Марк, а другиот излез води до соседниот бункер, изграден под споменикот на Виктор Емануел II.
За време на последните неколку месеци на власт, фашистичкиот диктатор со право верувал дека животот му е загрозен. Во јули 1943 година, RAF од Winston Churchill барал дозвола да го елиминира, така што истовремено ќе го бомбардира неговиот штаб и резиденција, вилата Torlonia. Сепак британскиот министер за надворешни работи Anthony Eden се сомневал во успехот на таа операција и се плашел од колатерална штета која би можеле да ја претрпат цивилите во Рим, како и самиот град.
По сојузничката инвазија на Италија во 1943 година, кралот наредил за апсењето на Мусолини. Нацистите го спасиле од затвор, но во 1945 година е повторно уапсен. Италијанските партизани го погубиле, а неговот тело е префрлено во Милано и обесено наопаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Куќата на Цеца на Кипар воено засолниште (ФОТО)
-
Јадранскиот град кој полека умира: Беше иднина на Мусолини, стана жртва на систематско запоставување
-
Тајниот бункер на Тито: Отпорен на нуклеарна апокалипса (видео)
-
Пронашла бункер од Втората Светска војна – Кога ќе видите во што го претворила, ќе останете без зборови (Видео)