Хуманитарните агенции на ОН објавија трет, највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен каде што продолжува конфликтот меѓу приврзаниците на Владата и шиитските бунтовници Хути. Тоа го изјави помошник-портпаролот на ОН, Фархан Хак.
Одлуката била донесена по состанок одржан по барање на заменик-генералниот секретар за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан.
Највисокиот степен на тревога ќе значи мобилизирање дополнителни ресурси за давање помош на населението.
Во Јемен над 21 милион луѓе имаат потреба од помош. Тоа е над 80 отсто од населението во државата. Хуманитарниот план на ОН е за 11,7 милиони луѓе.
Системот за здравствена заштита речиси и не работи – над 160 медицински установи се затворени поради проблеми со безбедноста или поради недостиг од гориво и други неопходни средства за работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Кошаркарот Марк Гасол во тим за спасување мигранти
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија