„Викиликс“ објави прислушувани телефонски разговори на германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот личен асистент во кои разговараат за грчката криза и од кој се гледа нејзиниот скептицизам и сомнеж во начинот на решавање на кризата. Меркел не била сигурна што би можело да ја спаси Грција дали кратење на долговите или нови пакети на финансиска помош. Од транскриптите од разговорите направени во октомври 2011 година се гледа дека канцеларката се плашела дека Грција дури и да ѝ се простат дел од долговите нема да може да ги реши своите проблеми. Американските тајни служби со години ја прислушувале германската канцеларка, а „Викиликс“ сега објави тајни документи што ги снимиле агентите на НСА.
Меркел, исто така, не била сигурна ниту дали на Грција може да ѝ помогне тим од финансиски стручњаци. Поинакво мислење од неа имал германскиот министер за финансии Волфган Шојбле, кој ја поддржувал идејата да им се намали дел од долгот на Грците.
Викиликс вчера, исто така, објави дека Американската служба за национална безбедност НСА не ја прислушувала само Меркел туку и уште неколку германски министри, пренесува агенцијата „Франс прес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!