| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Атина: Грците се шегуваат: „Зевс се обидува да го спречи референдумот“

Во текот на телевизиското обраќање на премиерот Алексис Ципрас, Атина ја зафати невидено невреме. По четири часа чекање, грчкиот премиер го почна своето обраќање иако во првите неколку  минути од неговиот говор Грците немаа сигнал на телевизорите, поради големото невреме проследено со грмежи и пороен дожд.

-Зевс се обидува да го спречи референдумот, напиша една Гркинка која со нетрпение го чекала обраќањето на Ципрас.

Небото над Атина е тмурно, а дождот постојано паѓа. Многумина беа разочарани поради немањето слика на телевизиските приемници бидејќи сакаа да слушнат што има да каже премиерот за договорот со кредиторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top