| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Ѕидот е изнуден потег, не е насочен против Србија

орбан

-Кревањето ѕид на српско- унгарската граница не е насочено против Србија, туку за спречување на илегалните минувања на границата- изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На прес конференцијата по заедничката седница на владите на Србија и Унгарија во Будимпешта, Орбан кажа дека меѓу Србија и Унгарија имаат добри односи чие зачувување е во интерес на двата народа, а кревањето на ѕидот го квалификува како „изнуден потег“, јави Танјуг.

-Не станува збор за прашањето на бегалците, туку за еден нов процес на придвижување на големите народни маси. Унгарија ќе инсистира, во соработка со своите соседи, да се преземат адекватни мерки. Сега сме во ситуација маса луѓе да ни доаѓаат, а земјите во Западна Еуропа сакаат луѓето кои веќе се дојдени да ни ги вратат нам, заради што имаме притисок и од југ и од запад – рече Орбан.

Според него, кревањето на ѕидот не значи затворање на границата со Србија, туку само спречување на илегалните премини.

-Овој чекор не се однесува на Србија и не е насочен кон српскиот народ, бидејќи ќе поставиме нови легални гранични премини и ќе ги прошириме. Од Вучиќ побарав да ме разбере за ова прашање и му порачав дека ги има нашите гаранции дека таа мерка (кревање на ѕидот) не е насочена против Србија, бидејќи Унгарија е заинтересирана за мирот – порача Орбан.

Предтходно српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека  подигнувањето на ѕид на српско-унгарската граница е лоша одлука.

– Тоа не е добро ниту за Србија, ниту за Унгарија, ниту за Унгарците во Војводина- смета Вучиќ и нагласи дека сепак плановите на Унгарија нема да им наштетат на билатералните односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top