Ежени Бушар ненамерно ги прекрши строгите правила на Вимблдон, но мина без казна за црниот градник што го носеше на мечот против Јинг Јинг Дуан.
Строгите правила на турнирот во Њу Ингланд клубот не дозволуваат да се носи облека или делови од неа во друга боја, освен белата, па Бушар беше пред казна.
Дури се случи и комична ситуација, откако судијката забележа дека Бушар не го почитува кодексот на облекување, замина да провери во правилникот дали се кршат правилата, но на крајот не ја казни Канаѓанката.
Бушар изјави дека не знаела дека ги крши правилата, а веќе нема да им прави проблеми на организаторите, барем на ова издание на Вимблдон, бидејќи загуби со 0-2 од Дуан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)